Мотоцикл излетал од експресниот пат кај Крива Паланка, возачот тешко повреден

Триесет и петгодишен мотоциклист од Скопје се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена вчера околу 15:00 часот. На делницата кај селото Градец, мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.С. (35) од Скопје, удрил во заштитна ограда, по што излетал надвор од коловозот.

Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Здравствениот дом во Крива Паланка.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Крива Паланка.