Мотиви на „Светот на Биби“ во новата градинка во Аеродром

Најмалечките Аеродромци секојдневно ќе го поминуваат времето во просториите и атмосфера креирана од „Светот на Биби“.

Новата градинка „Црвенкапа“ е лоцирана во Стар Аеродром и има капацитет за згрижување на над 200 дечиња, информираат од Општината. 

-Градинката има важна улога во процесот за социјализација и едукација на најмладите. Среќни сме што дечињата од нашата општина ќе бидат сместени во модерни објекти, а секојдневно времето ќе го минуваат во простории и атмосфера креирана од нивниот омилен македонски бренд „Светот на Биби”. Пред пуштање во употреба, новата детска градинка „Црвенкапа” лоцирана во Стар Аеродром добива нов и уникатен изглед во внатрешноста. Таа е изградена со капацитет за згрижување на над 200 деца и на површина од 1700м2, со осум занимални и најсовремени услови за згрижување на најмладите.- велат од Општината.

Додаваат дека Општина Аеродром вложува во нови капацитети за децата, кои ќе бидат место каде најмладите ќе сакаат да го поминуваат денот.

-И понатаму инвестираме во изградба на нови објекти со што ќе ја оствариме нашата цел да нема повеќе чекања за упис во ваков тип на јавна установа. - пишува на официјалната страница на Фејсбук, на Општина Аеродром.