Мостот на булевар АСНОМ во Керамидница наскоро целосно функционален

Мостот на булевар АСНОМ во Керамидница наскоро целосно функционален, објави градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски кој вчера излезе на терен заедно со градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

- Новиот мост кој ги поврзува општините Гази Баба и Аеродром добива завршница и станува една од најважните сообраќајни врски во градот. Градот Скопје со засилена динамика работи на експропријацијата на преостанатите објекти и пробивањето на улиците, со цел булеварот да се стави во целосна функција што е можно побрзо, порача Стефковски. 

-  Ова не е само улица — ова е нова сообраќајна артерија која ќе го растерети метежот, ќе го скрати времето на патување и ќе овозможи побрза и побезбедна комуникација меѓу граѓаните, додава тој.