Полусрушен мост се наоѓа на патот кој води од Скопје кон Косово, на влезот на село Визбегово, подолг период од него висат бетон и арматура кои може секој момент да паднат. Најзагорозени се возачите кои секој ден минуваат оттука.
Некои од возачите со кои разговаравме велат дека токму руинираната инфраструктура ги принудува да користат алтернативни патишта, пренесува Алсат М.
„Многу ретко поминувам, се поретко и поретко. Не е само мостот, има и многу дупки, ги расипавме гумите и бандашите“, вели еден возач.