Мортус пијан стружанец предизвикал сообраќајка - полицијата го уапсила

36-годишен жител на Струга бил лишен од слобода откако под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна незгода, информираа од МВР.

Според нивните информации, инцидентот се случил ноќеска околу 00:30 часот на улицата „Партизанска“ во Струга. Осомничениот управувал патничко возило „опел вектра“ со струшки регистарски ознаки, кога ја предизвикал сообраќајната несреќа.

По извршената контрола, полициските службеници утврдиле дека возачот имал 2,50 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај.

Возилото му е одземено, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.