
Вчера во 15:00 часот во Градско, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.П.(34) од Градско.
Како што се наведува во полицискиот билтен, 34-годишниот С.П. бил уапсен постапувајќи по претходна пријава од неговиот 55-годишен татко дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговите родители и му се заканувал на неговиот татко.
По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека С.П. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,35 промили алкохол во крвта.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.