Мортус пијан неготинец се заканувал на својот брат, па завршил со лисици на рацете

Ноќеска во 01:00 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.А.(28) од село во неготинско.

Како што се наведува во полицискиот билтен, 28-годишниот М.А, бил уапсен, постапувајќи по претходна пријава дека во домот агресивно се однесувал и му се заканувал на неговиот 31-годишен брат.

По преземени мерки било констатирано дека М.А. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,78 промили алкохол во крвта.

Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.