Мортус пијан делчевец ја тепал мајка си, ѝ се заканувал и ја заклучувал

Синоќа во 21:10 часот во делчевско село, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода А.З.(40).

Според пријавеното, неколку пати во последниот период во семејниот дом во селото, физички ја напаѓал неговата 59-годишна мајка и ѝ се заканувал, а претходно во текот на денот агресивно се однесувал и ја заклучил во собата.

Како што се наведува во полицискиот билтен, при преземање мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,08 промили алкохол во крвта.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.