„Море сокол пие“ - една емоција, приказна, една песна отпеана овој пат од Италијанка

Најновата преработка на прекрасната македонска традиционална песна „Море сокол пие“ доаѓа од работилницата на Barcelona Gipsy balKan Orchestra и прекрасната вокалистка Маргерита Абита.

Маргерита е Италијанка и вокалистка во оваа музичка група која важи за интернационална. 

-Традицијата на Македонија е собрана во една приказна, една песна, една емоција. Средбата на оркестарот со вечната мелодија чија тежина низ вековите обележала генерации. Старата изрека вели: „Низ Босна не пеј, низ Србија не играј, а низ Македонија ниту пеј ниту играј… велат во објаснувањето зошто ја одбрале токму „Море сокол пие“