Морбилите ја земаа и третата жртва, почина 14-месечно бебе

14-месечно бебе од тетовско почина пред неколку часа на скопските клиники, дознава Курир.

Детето починало на Детската клиника.

Информацијата ја потврдија и извори од Министерството за здравство.

Ова е третото дете жртва на морбилите. Состојбата станува алармантна.

Заразено од мали сипаници, почина бебе од Свети Николе, а животот го загуби и 6-месечно бебе исто така од компликации предизвикани од морбили.

Уште неколку деца се наоѓаат во критична состојба, а бројот на заразени од морбили, расте секој ден.