Морбидна вистина - што им прават бремените жени на своите бебиња кога пушат?

Студијата која била спроведена со бремени жени кои пушат, открива застрашувачки фотографии после кои никогаш нема да ви текне да запалите цигара!

Најновото истражување кои го спроведоа Дурам и Универзитетот Ланчестер, опфатило 20 бремени жени кои пушат, од кои четири жени дневно пушеле и до 14 цигари.

Студијата покажала дека неродените бебиња кај мајки пушачи повеќе ги движат устите и се допираат себеси за разлика од бебињата кои ги носат мајки непушачи.

Она што исто така загрижува е дека кај овие бебиња централниот нервен систем може да се развие многу подоцна.

-Потребно е да се прошири истражувањето за да ги потврдиме овие резултати и да истражиме конкретни ефекти, вклучувајќи ја и врската помеѓу стресот на мајката и пушењето- изјавила докторката Нада Рејсланд.

-Ова е уште еден доказ за негативното влијание на пушењето во текот на бременоста- додава д-р Брајан Френсис.