Мораш да се откажеш од маж кој не сака да биде со тебе

Вистината е дека ти заслужуваш подобро. Ти си силна и храбра, понекогаш се измамуваш и стануваш ранлива. Знаеш дека оставаш простор да те повредат, но не се грижиш. Знаеш дека тоа е нешто што мораш да го направиш за да ја пронајдеш љубовта на својот живот.

Ти си трпелива и полна со разбирање. Знаеш дека никој не е совршен и дека нема секој да се однесува кон тебе онака како што заслужуваш. А кога луѓето се нечесни кон тебе, се обидуваш да се сочувствуваш со нив, наместо да се браниш.

Се обидуваш да простиш наместо да бидеш злопамтило. Се обидуваш со сѐ за да воспоставиш здрав однос со некој маж, дури и ако е лош за тебе, а тоа го правиш затоа што веруваш во љубов.

И тоа е добро. Не треба да ги отфрлаш работите толку лесно. Секогаш мораш да даваше сѐ од себе за да ги задржуваш луѓето кои ги сакаш во твоја близина. Секогаш треба да вложиш максимален напор во твоите односи, а тоа значи дека мораш да останеш силна дури и кога е тешко.

Но, мораш да признаеш дека има ограничувања за се. Во секој однос постои точка на која се јавуваат тешкотии, каде сите се исцрпуваат од труд и тоа е знак дека треба да си одиш. Време е да продолжиш понатаму. Време е да го оставиш мажот кој едноставно не сака да биде со тебе.

Мораш да знаеш дека има многу љубов во тебе, љубов која можеш да ја дадеш на друга личност. И мораш да анализираш сѐ што си му дала на овој маж. Мораш да помислиш на тоа колку делчиња од твоето срце си подарила на човек кој воопшто не ги ни сака. Мораш да престанеш да даваш толку од себе на човек кој не е подготвен да возврати на тоа.

Вистината е дека заслужуваш подобро. Љубовта која ја заслужуваш е нешто што мораш постојано да го бараш и мораш да се бориш за неа – но, мораш да знаеш дека тоа не е со овој тип. Можеби не веруваш дека постои маж кој е подобар за тебе. Можеби мислиш дека нема повеќе да се заљубиш, но биди сигурна дека тоа ќе се случи. Само мора да имаш верба во себе и во љубовта.

Колку подолго си со него, толку повеќе се спречуваш самата себеси да ја пронајдеш вистинската љубов. Не можеш да си дозволиш да останеш со човек кој не ти го дава она што го сакаш, затоа што со тоа си блокираш други можности.

Си лишуваш себеси од шанси да запознаеш маж кој ќе се однесува со тебе онака како што заслужуваш. Не можеш да создадеш простор за некој нов ако не научиш да ги напушташ оние кои воопшто не те ценат.

Тоа е исцрпувачки за тебе. Таков начин на живот едноставно не е одржлив. Нема да можеш да продолжиш понатаму. Секој ден сѐ повеќе го кршиш сопственото срце. Не сакаш да чекаш и да видиш што ќе се случи кога повеќе нема да имаш срце за кршење.

Да, можеби ќе ти биде тешко да се откажеш, верувај дека лекциите кои ќе научиш ќе ти помогнат на долг рок. Една од причините поради кои не сакаш да продолжиш понатаму е што сите досегашни заложби ти биле залудни. Но, не треба да размислуваш на тој начин. Сфати го овој привремен застој како неопходен чекор на патот кон пронаоѓање на љубовта која ја сакаш за себе. Само мораш да бидеш сигурна дека во процесот на продолжување понатаму ќе ги запомниш сите лекции и нема да ги правиш  истите грешки со мажот кој ти е суден.

И продолжи да веруваш во љубов. Не се плаши да продолжиш понатаму.

Ослободи се. Одвои се.