Морам да бидам сопствена хероина пред да го најдам својот принц на бел коњ!

Секогаш кога ќе прочитам цитати како „Барам љубов“, „Секоја девојка сака дечко“, автоматски превртувам со очите. Не ме сфаќајте погрешно, не велам ништо лошо за оние кои се во врска и за оние кои бараат љубов. Тоа е прекрасно и се надевам дека секој ќе си го најде тоа што го бара.

Но, не се сите подготвени за врска, без оглед на тоа дали сакаме да го признаеме тоа или не. Јас сум една од оние кои не се подготвени за врска, но всушност тоа за мене е сосема океј. И еве зошто.

Досега сум била само во една посериозна врска и тоа беше прилично одамна. Тој правеше да се чувствувам посебно, се однесуваше со мене како да сум принцеза, секој ден ми викаше дека сум убава. Иако бев благословена што имав толку добар дечко, сепак си имав сопствени проблеми со самодовербата.

Иако не го сфаќав тоа на времето, јас преку неговата љубов се обидував да си ги поправам сопствените несигурности. Раскинав после неколку месеци и не сум била во врска оттогаш.

Зошто? Затоа што сфатив дека прво морам да научам да се сакам себеси пред да можам да сакам некој друг.

Откако заврши таа врска, јас надминав голем дел од проблемите со самодовербата и секој ден напорно работам да ги надминам повеќето проблеми. Иако има напредок, сепак не се чувствувам подготвена за врска, ниту пак ќе дозволам да бидам во врска каде што ќе ја користам љубовта за да се чувствувам подобро во врска со себе.

Тоа што сум сама ми дозволува да се развивам како личност и планирам да продолжам со развивањето за да дојдам до точка каде што ќе можам самоуверено да влезам во врска и навистина да го сакам човекот до мене.

Одбивам да користам некој само за да се чувствувам подобро.

Имам соништа кои сакам да ги остварам без да ја користам љубовта на некој дечко за да ми ја даде потребната самодоверба за да ги остварам тие соништа.

Сакам да научам како да бидам среќна без да се потпирам на некој друг да ме направи среќна.

Сакам да си докажам самата на себе дека заслужувам да бидам сакана.

Не ја наоѓај твојата вредност во маж. Најди ја својата вредност во себе и потоа најди маж кој те заслужува. Запамти го тоа.