Морална одговорност ќе бараме од кабелот или полначот?!

Бурни реакции на социјалните мрежи се шират откако вчера беше објавен официјалниот извештај за пожарот во тетовската модуларна болница каде, на 8. септември, загинаа 14 лица, по што премиерот Заев не ги прими оставките на министерот за здравство Филипче и неговиот заменик Хасани. 

-Сакам да ја известам јавноста дека нема причина да се лоцира политичка или менаџерска одговорност врз министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани, кои поднесоа оставка од морални причини, рече вчера Заев.  

Според извештајот причина за пожарот е електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби.