„Мора ли децата да се оставаат со автомобил на самиот влез“ - Секое утро хаос пред училиштата

„Мора ли децата на се оставаат со автомобили на училиште, на самиот влез“ - ова е прашањето кое се наметна со старот на учебната година откако повторно се создава сообраќаен хаос покрај училиштата секое утро, а на најголема штета на пешаците.

За ова алармираше и доктор Ненад Лазаров. Тој го посочи примерот со основното училиште „Кочо Рацин“ во подножјето на Водно. 

- Нели ви е срам секое сабајле кај Кочо Рацин школото блокирате булевар со колите, само вашите ли деца идат на школо, што се замислуете вие кои сте? Па уште и индијанци лежечите што ги бегаат во спротивна лента возејќи. И не ви е вака "елитно" насеље туку паланка праите од градов. И уште деновиве полицајци сироти стојат дигаат раменици на хаосот, шо да праеле... - револтирано сподели тој за своето искуство. 

Реакции деновиве имаше и за паркирањето кај „ООУ Коле Неделковски“. Не е безбедно околу улиштата, ако секој се паркира кај ќе се снајде

Јавноста, особено родителите на децата кои пешки се движат кон училиште секое утро се загрижени за безбедноста на своите деца. Велат дека имаат разбирање дека секое утро, родителите брзаат за да ги остават децата на училиште и навреме да стигнат на своето работно место, но сепак, велат дека мора да има некој ред и минимум сообраќајна култура. 

Конкретно за училиштето „Кочо Рацин“ кај Водно повеќе скопјани посведочија дека е хаос секое утро. Еве дел од коментарите на скопјани: 

- Секој божји ден. Секој. Таква ароганција, невидено. Да не зборам за луѓе што се рекреираат кон водно на точак...овде е најстрмниот дел за качување, ама не, они мора целата велосипедска да ја блокираат.

 - Во наше време не беше ни толку широка улицата, калдрма имаше, па сепак не се блокираше. Ама тогаш ние учениците имавме вештини и пешки да поодиме малку до училиште. 

- Исто е и на „Даме Груев“, децата што поминуваат улица немаат прегледност. Баш кај полициска Беко.

- Јас ќе ви кажам зошто децата во „Кочо Рацин“ не можат пешки да одат во училиште. Затоа што цела населба ко флавели во Бразил е претворена, згради по тротоари се распослани, орди кучиња хараат, од Клиника по уличките се паркираат, а уличките предвидени за локални жители сега се кола до кола. Да, нивните родители одеа пешки и сами во Кочо Рацин, ама денешниве деца од двор не можат да излезат затоа што уличките се претворени во главни сообраќајници без услови за тоа. Така да барајте си на друго место виновници, не во децата и нивните родители кои мораат со кола до школо да ги носат. 

- Исто е и кај „Коменски“, со џиповите блокираат цела улица, ќе им се шинат децата пешки ако отидат во школо..