Мора да одиме на одмор, па макар и да земеме кредит

Или како што вели муабетот, за инает на комшијата. Ќе одиме на одмор, па макар и да го отплаќаме на рати...

Во последните неколку денови се поактуелни стануваат кредити кои се наменети за летување, дали за на море, езеро или пак планина. Но, за Македонците сепак летото мора да се искористи и да се оди некаде, дури и ако немаат доволно средства за тоа, па затоа многу се одлучуваат за земање на кредит, и истиот да го враќаат во текот на целата година.

Некои земаат кредит за некоја блиска дестинацја и скромен одмор, но од банките велат дека има и такви кои земаат за некоја подалечна дестинација и за некој полуксузен одмор.

Од банките велат дека најчесто за одмор се зема кредиит од 30.000 до 60.000 денари, а потоа истиот го враќаат во текот на целата година, плус со камата.

Но, и покрај каматите, Македонците си дозволуваат да уживаат тие десетттина дена кога се на море без размислување како ќе го вратат кредитот.