Мора да ги менуваме навиките, паркинг за велосипеди до секоја нова градба, вети Герасимовски

Градоначалникот на општина Центар ветува дека отсега градењето и концептот ќе се прилагодуваат на начин на кој ќе има предвидени и паркинзи, но и напреден систем за изнајмување велосипеди, за да се излезе во пресрет на сите граѓани.

На оваа тема, тој на Фејсбук напиша:

Паркинг за велосипеди до секоја нова градба во Општина Центар, ова е дел од договореното со претставниците од иницијативата #НаТочак“ со кои денеска, се сретнав. Ги разгледав нивните барања кои се однесуваат на унапредување на велосипедската инфраструктура и на мое задоволство дел од нив веќе ги спроведуваме.

Во иднина засилено ќе работиме на системот за изнајмување на велосипеди и ќе ги продолжиме субвециите за да ги стимулираме граѓаните почесто да возат точаци.

Мора да ги менуваме навиките, возењето велосипед особено во општина Центар е важно особено поради избегнувањето на сообраќајниот метеж.

 Европските градови практикуваат возење велосипед, да го следиме нивниот пример.