Мопедист тешко повреден во сообраќајка во Црешево

Дваесет и деветгодишен мопедист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера во скопското село Црешево.

Според информациите од полицијата, несреќата се случила помеѓу мопед управуван од М.К. (29) и патничко возило „хјундаи“, кое го управувала 40-годишната М.Т., двајцата од Скопје.

Во судирот, мопедистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.