Монтоливо нема да игра во Скопје

По поразот од Израел фудбалските репрезентативци на Македонија со мислите веќе мора да бидат насочени кон идниот предизвик на 9 октомври во недела кога на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје ќе гостува Италија.

Во синоќешниот натпревар помеѓу Италија и Шпанија, кој заврши без победник 1:1, по само половина час игра теренот го напушти играчот на Милан Рикардо Монтоливо поради повреда на коленото, а на негово место влезе неговиот клупски колега Џакомо Бонавентура.

Според се уште непотврдени информации, Монтоливо воопшто нема да биде на располагање на стратегот Вентура за дуелот во Скопје.