Моно диета - гарантира 8 кг за 10 дена

Диетата со јајца станува се поактуелна, благодарение на световно познатите ѕвезди кои успешно намалиле излишни килограми токму со оваа диета.

За улогата во филмот Пијанистот Ејдриан Броуди намалува 13 килограми следејќи го овој режим и додавајќи на менито риба и зеленчук на пареа.

Дозволете си – јајца! Дозволени ви се 6 дневно, (но само белки) како и парче од 150 гр  риба или пилешко бело месо, како дополнување. Исто така свежи салати, например од краставици, домати, марула, за кои се препорачува да содржат магдонос и рукола. Исто така не заборавајте да вклучите во своето мени секој втор ден спанаќ. За 10 дена ќе намалите 8-10 килограми.

Утрото го започнувате со две белки од  јајца и салата од домати. Ручекот е повторно 2 белки од јајца и парче бело месо или риба, варено или на скара и свежа салата од краставици или марула. За вечера две белки од јајца, спанаќ на пареа или пак друг зеленчук на пареа. Во текот на денот погрижете се да внесувате многу течности, особено зелен чај.

Како што гледате во монодиетата што се базира на јајца јаглехидратите и мастите се сосема исклучени и се се сведува на протеини и растителни влакна. Токму затоа вашето успешно слабеење е гарантирано.