
Министерката за образование и наука Весна Јаневска како неточни ги отфрли информациите дека МОН доделило стипендија на синот на пратеникот Антонио Милошоски за студирање на странство.
-Мене ми е многу жал да кажам дека на нашите социјални мрежи има многу лажни вести, рече министерката одговарајќи на новинарско прашање.
Таа посочи дека лично ги потпишува стипендиите за најдобрите, односно шангајските универзитети, но дека меѓу потпишаните документи нема стипендија за лице со презиме Милошоски.
Министерката додаде дека нема информации каде евентуално се наоѓа детето во странство, но категорично посочи дека Министерството за образование и наука не му доделило стипендија на синот на Антонио Милошоски.