МОН денес ги информира учениците кога ќе биде тестот утре, тие немаат ниту учебници, ниту знаат што да учат

Министерството за образование тукушто закачи соопштение на вратите на гимназијата Орце Николов: Квалификациониот тест е закажан за утре во 10 часот, пишува МКД.МК.

На главната врата на гимназијата „Орце Николов“ пред половина час беше истакнато соопштение од Комисијата за упис на ученици од прва година на Министерството за образование и наука.

За повеќе од 300 ученици со сите петки, по тестот ќе се направи нова ранг-листа со 285-те ученици што ќе се запишат во оваа скопска гимназија.

И натаму нема никаква информација за тоа за кој дел од материјалот по македонски и математика ќе има прашања во тестовите, од кое одделение и од кои области.