Момо Капор: Денес секој има мобилен телефон, но многумина немаат кому да телефонираат

Момчило Момо Капор е еден од најпознатите српски книжевници и уметници. Тој е роден на 8 април 1937 г. во Сараево, за кое го врзуваат лоши спомени.

За време на бомбардирањето на Сараево во текот на Втората светска војна тој со својата мајка и баба се скрил во стара турска куќа, така што бомба паднала директно на куќата, но Момо бил единствениот кој успеал да преживее.

Во текот на својот живот, тој пишуваше за животот, смртта, жените, политичката ситуација и Белград кој толку многу го сакаше.

Ова се неговите најпознати цитати.

Јас мислам дека најчудните луѓе изгледаат многу стандардно. Бидејќи човек кој е чуден одвнатре, оној кој е во длабоко недоразбирање  со светот кој не го прифаќа и сфаќа, не чувствува никаква потреба да се украсува однадвор, да привлекува туѓо внимание.

Ѕвездите паѓаат и дење, само многумина не се во состојба да го видат тоа.

Можеби среќата се состои во тоа да не престанеме никогаш во трката кон неа. Да стигнеме до животот пред докторите да ни забранат пушење, алкохол, храна, капење, сончање и љубов.

Денес секој има мобилен телефон, но многумина немаат кому да телефонираат. Никогаш не може сѐ да се погоди.

Потешка од граѓанската и религиозната војна е онаа која ја водиме сами во себе.

Работите не вредат онолку колку што им е цената, туку онолку колку што сме вложиле љубов во нив.

Се бара една половна недела без вести за несреќи и бојни. Се бараат пријатели, макар и дотрајани, се бараат делови од нашето време, нашата љубов, се бараат да ни ја вратат љубовта.

Човек може да каже дека животот не му е промашен ако може барем една работа да направи подобро од другите.

Човек може да најде колку што сака пријатели со кои ќе може да зборува, но малку се оние со кои ќе може да молчи.