Моменти за кои вреди да се живее...

Колку е убаво кога ќе го препознаеш моментот кога си вистински среќна, па посакуваш да го замрзнеш тој момент, да го запомниш и засекогаш да го впиеш во себе.

Понекогаш тоа е моментот додека ја мирисаш косата на твоето дете. Или додека гледаш телевизија потпрена на нечие рамо создадено баш по твоја мерка. 

Додека правиш кафе после ручекот на кој е собрано целото семејство. Или кога ќе добиеш резултати од лекарскиот преглед кои ти кажуваат дека сè е во ред. Тоа не се моментите кои ги фотографираме и ставаме на Инстаграм. 

Тоа не се чувства кои можат да се прераскажат. 

Тоа се моменти на чиста среќа спакувани во нечија насмевка, мирис или допир. 

Оние за кои вреди да се живее...

~ Сања Крстиќ