Моменти од приватниот живот и неформалните средби - Скопските градоначалници не се само функционери!

Колку често скопските градоначалници објавуваат моменти од приватниот живот на социјалните мрежи?

Не е реткост, првите луѓе на скопските општини да споделат кадри од семејството и приватниот живот, а најчесто тоа се случува за празниците. На нивните официјални фејсбук профили може да се најдат фотографии од нивните деца, сопруги, родители...од неформалните средби со жителите и топлите прегратки и разговори со сограѓаните за подобро утре...

Па, така градоначалниците не се само функционери, туку и сопрузи, татковци, синови, соседи....

На пример, првиот човек на Гази Баба Бобан Стефковски, за Денот на жената, 8 Март објави фотографија со својата мајка. 

Градоначалникот на Бутел Дарко Костовски неодамна, за празникот Торорица, сподели фотографија со синот Тодор.

Не е реткост и градоначалниците да се видат меѓу граѓаните, на одбележувањето на големите верски и народни пранзици, па така често споделуваат фотографии од чествувањата каде се меѓу жителите, од најмали до највозрасни.