Грозоморно убиство ја потресе вчера македонската јавност кога во Драчево внук си ја закла бабата, а најновите детали укажуваат на уште пошокантен и погрозен пресврт на настаните.

66-годишната баба од Драчево, сепак не е заклана, туку и бил прегризан гркланот, ги откриваат морбидните детали за Нетпрес извори од истрагата. Според информациите, се работи на тезата дека убиецот, нејзиниот 20-годишен внук А.Р., вршел секташки обред.

Неофицијално, тој веднаш по настанот, сам се пријавил во полиција, каде го признал делото, ги раскажал деталите, потврдил дека е припадник на секта и дека убиството го сторил како дел од сатанистички ритуал.

Наводно, ова не е првиот случај младото момче да ја потресе јавноста, бидејќи се верува, иако непотврдено, дека станува збор за истото лице кое неодамна ја осквернави црквата „Свети Спас“ во Драчево, испишувајќи сатанистички симболи и пентаграми на храмот. Неофицијално, тој се поврзува со немилиот настан со преполовеното маче, оставено во локва крв.

Отецот Оливер од црквата „Свети Спас“, во изјава за Нетпрес, вели дека го познава момчето и за него знаел дека е психички нестабилен, но додаде и дека нема информации дека момчето е поврзано со сквернавењето или пак со било која секта.

Важел за повлечено момче.