Момчето кое доби ново срце е во стабилна состојба

Момчето кое доби ново срце од 20-годишната Верче која загина како последица на сообраќајна несреќа е во стабилна состојба.

Оваа информација на Фејсбук ја сподели министерот за здравство Венко Филипче.

-Утрово бевме во визита на пациентот кој е во стабилна состојба. Да држиме среќа неговото тело да го прифати срцето. Силно верувам дека ќе ја имаме втората успешна трансплатација на срце, а младиот пациент ќе добие шанса во животот. Заради ваквите подвизи и хуманата природа на докторската работа вредат сите непроспиени ноќи во салите за операција, напиша Филипче на Фејсбук.