Жител на скопското село Сарај бил претепан вчера во Рекреативниот центар „Езеро Треска“, информираше МВР.

Инцидентот се случил околу 17 часот кога Б.С. (23) од Сарај, скопско, бил физички нападнат од страна на неколку непознати лица. Додека Б.С. се шетал околу езерото  насилниците го нападнале и со тврд предмет го удирале по  главата, од што паднал на земја.  Напаѓачите продолжиле да го удираат со тупаници по телото додека лежел, по што избегнале во непознат правец.

Претепаниот Б.С. бил забележан од случаен минувач, кој со возило го однел во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Таму му биле констатирани телесни повреди и му била укажана лекарска помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.