Момче повредено од заскитан куршум, му паднал на гради

Вчера во 19,40 часот во Полициската станица Кисела Вода, Б.С. (1991) од с. Морани-Скопје, пријавил дека истиот ден околу 18,30 часот, поточно во дворот од училиштето „Наим Фрашери“, движејќи се пеш према главната капија на училиштето, од страна на непознато лице од непознат правец било испукано од огнено оружје, при што зрното од испуканиот куршум, го повредил Б.С. во пределот на десната страна помеѓу вратот и градниот кош (во вид на црвенило).

Истиот сам заминал во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.