Момче нападнато во Градски парк

Вчера околу 21 часот, во Градски парк во Скопје, три до четири непознати лица извршиле разбојништво над 18-годишниот П.Ј.С. од село Петровец, скопско

Насилниците со закана со нож му го одзеле мобилниот телефон, па физички го нападнале нанесувајки му видливи повреди на главата.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.