Момче нападнато на автобуска станица во Скопје

Момче било нападнато на автобуска станица во Скопје. Полицијата информира дека вчера во 19,50 часот во Полициската станица Бит Пазар, Б.Ш.(42) од Скопје пријавила дека два часа претходно на автобуска постојка на булевар „Крсте Мисирков“ од страна на неколку лица бил физички нападнат нејзиниот 16 годишен син. Се работи на расчистување на случајот.