Момче и 59-годишник од Велес фатени при вршење кражба

Двајца крадци „оперирале“ во куќи во Велес. 

На 01.02.2023, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода К.И.(23) и И.Б.(69) од Велес. Тие се сомничат дека од двор и тераса на две куќи на ул.„Јовче Тикварски“ во Велес одзеле повеќе предмети.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицата биле задржани во полициска станица, информираа од МВР. 

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.