Во секојдневието често зборуваме за здрава храна и балансирана исхрана, но не секогаш се потсетуваме дека најголемата сила понекогаш се крие во најмалите нешта.

Photo by Bruno Scramgnon
Семките, тие мали зрнца што лесно можат да ни избегаат од ум, тие се вистински концентрат на хранливи материи. Во нив се собрани векови на мудрост, традиција и лековита моќ на природата. Сусамот, ленот и семките од тиква се дел од таа палета и заслужуваат да ги внесеме почесто во нашето секојдневие.
Сусам

Photo by Mahdi Kordi on Unsplash
Сусамот е едно од најстарите семиња во светот, познато во Азија и на Блискиот Исток уште пред илјадници години. Кај нас, сусамот отсекогаш имал место во кујната: посипан врз леб, погачи или кифли, или како дел од здрави слатки. Денес знаеме дека овие мали семки се богат извор на калциум, кој е важен за здрави коски и заби, магнезиум за енергија и цинк за имунитет. Сусамот содржи и антиоксиданси кои го штитат телото од стареење и стрес. Една мала лажица сусам дневно може да направи многу за нашето здравје.
Лен

Лененoto семe изгледа обично, но зад неговата едноставност се крие вистинска сила. Тие се полни со растителни влакна кои го подобруваат варењето и спречуваат проблеми со дигестивниот систем. Богати се со омега-3 масни киселини – хранливи материи кои го хранат мозокот и го штитат срцето. Редовното консумирање лен е поврзано со подобар холестерол и стабилна енергија во текот на денот. Секогаш е најдобро семките да се сомелат пред употреба, бидејќи така телото полесно ги апсорбира сите хранливи материи.
Семки од тиква

Photo by CHUTTERSNAP on Unsplash
Семките од тиква се вистинска ризница на магнезиум, минерал што го регулира крвниот притисок, го подобрува квалитетот на сонот и му помага на нервниот систем да остане смирен. Тие се одличен извор и на протеини, цинк и витамин Е, што ги прави незаменливи за силен имунитет и здрава кожа. Освен тоа, семките од тиква се познати по своето позитивно дејство врз простатата и уринарниот тракт, што е од особено значење за машкото здравје. Како закуска, како дел од салати или смути, тие додаваат и вкус и енергија.
Зошто да ги комбинираме?
Иако секоја од овие семки има свои посебни придобивки, кога се комбинираат, нивната сила станува уште поголема. Сусамот носи минерали, ленот дава омега-3 и влакна, а семките од тиква додаваат протеини и магнезиум. Заедно тие создаваат вистински „суперхрана пакет“ кој може да го подигне нашето здравје на повисоко ниво.
Рецепт: Енергетски топчиња со сусам, лен и семки од тиква
Состојки:
100 g семки од тиква (лесно печени)
3 лажици сусам
3 лажици мелено ленено семе
150 g урми (без коски)
2 лажици мед
1 лажица какао (по желба)
Подготовка:
Во блендер ставете ги урмите, семките од тиква и меленото ленено семе. Блендирајте додека да добиете густа и леплива смеса.
Додадете мед и какао, па измешајте повторно.
Со влажни раце оформете мали топчиња.
Валкајте ги топчињата во сусам за крцкава текстура и убав изглед.
Чувајте ги во фрижидер и користете ги како здрава закуска или енергетски десерт.