Моќта на потсвеста – победете ги негативните мисли

Луѓето доживуваат голем број емоции – од среќа, до тага и екстремна радост и депресија. Секоја од тие емоции создава различно чувство во телото. 

После се, нашето тело испушта различни хемикалии кога искусуваме различни работи кои не’ прават среќни и секоја хемикалија работи за да создаде различна средина во нашето тело.

На пример, ако вашиот мозок испушта серотонин, допамин или окситоцин, ќе се чувствувате добро и среќни. Ако вашето тело испушта кортизол додека сте под стрес, тогаш ќе имате сосема различно чувство кое телото го создава кога преживува.

Но што ако постојано имаме негативни мисли? Или  што ако постојано имаме позитивни мисли? Што ако немаме ниту позитивни ниту негативни?

Позитивни наспроти негативни

Мозокот е многу моќна алатка и додека се обидуваме да дефинираме нешто што е или треба да биде, ние започнуваме да имаме резултати во нашиот свет.

Дали некогаш сте забележале дека некој кој вози наеднаш може да се изнервира и да се чувствува негативно додека друг во истата ситуација ќе продолжи како ништо да не било. Во овој случај, едно искуство некој го доживува како позитивно, а некој како негативно. Па, дали работите се вродени позитивни и негативни?
Ако подобро размислите, ќе сфатите дека не постојат негативни и позитивни искуства, туку ние така ги дефинираме. Така што, самата наша перцепција за искуството ја има моќта да каже како ние ќе се чувствуваме.

Поврзаност на телото со умот

Поврзаноста на телото со умот е многу моќно и иако не може обично да се виде, ефектите кои умот ги има врз телото се моќни. Сите можеме да имаме позитивен став и да се справиме со нашите внатрешни предизвици и да создадеме здрав животен стил или можеме да бидеме негативни, да имаме лоши мисли и да не се справиме со нашите внатрешни предизвици и проблеми.

Нашите емоции и искуства се есенцијалната енергија и тие може да бидат складирани во меморијата на нашето тело.  Ако имате болка или повреда во одредена област од телото, таа често се поврзува со нешто што емоционално го чувствувате.

Запомнете, ја имате целата моќ во светот да поминете низ се што животот ќе ви го даде. Наместо да ја именувате перцепцијата негативна или позитивна, обидете се да ја погледнете поголемата слика. Ако верувате дека ќе се разболите, и ако верувате дека имате болка која е надвор од вашата контрола, тогаш ќе продолжите да се чувствувате лошо, се додека не сфатите дека само вие имате контрола врз вашето тело.