Моќта и здравствените бенефити на магдоносот

Магдоносот не е добар само за супата и шопската салата која ја јадеме особено во текот на летниот период. То е богат со многу бенефити за нашето здравје, а експертите препорачуваат негово конзумирање во текот на сите годишни времиња.

Магдоносот е богат со витамин А каротеноиди кои се одлични за зачувување на здравјето на очите. Богат е и со витамин К, кој го одржува нивото на крвниот притисок и спречува претерано крварење и е одлична билка за исфрлање на прекумерното внесување на сол во организмот, без жртвување на вкусот на јадењата.

Неговата состојка миристицин го намалува формирањето на туморот во нашето тело, особено туморот во белите дробови. Флавоноидите во магдоносот (особнео лутеолинот) е одличен за намалување на оштетувањата на клетките. Тој исто така е и одличен извор на витамин Ц и добар извор на витамин А, но и на фолна киселина и витамин Б, кои имаат огромно позитивно влијае на нашето тело.