Моќно видео кое ќе ви ги разбуди емоциите: РК Вардар - патот до успехот!

Вардар испиша историја за македонскиот машки ракомет, откако ја освои европската шампионска титула во Келн, со победата над дрим-тимот од Париз, ПСЖ, со 24:23. „Црвено-црниот“ тим беше отпишан од многумина пред стартот на Ф4, но вардарци ги демантираа сите и сега уживаат гледајќи од европскиот врв.

Како изгледа последниот дел од сезоната на македонскиот и европски првак Вардар, во 4 минути, погледнете во видео прилогот…