Моќниот Вардар се пласираше во Ф4 завршницата на Лигата на Шампионите

Вардар загуби против Пик Сегед со 29: 25,, но сепак се избори за свое место на Фајнал Фор во Лигата на Шампионите. Овој двобој го даде последниот патник за Ф4 турнирот  на Лигата на шампионите кој ќе се одигра во Келн на почетокот на јуни. 

Вардар  влезе со позитива од 31:23 и одлично го започна натпреварот во пеколната атмосфера на салата, но сепак Пик Сегед покажа дека  не се шегува и е одличен противник кој го памети поразот во Скопје. Голема поддршка имаа и од своите навивачи кои на мечот дојдоа со свирчиња и факели. 

Меѓу навивачите кои беа најгласни во преполната сала беa познатиот некогашен голман на Вардар, Страхиња Милиќ, како и Веселин Вујовиќ, поранешниот тренер на Вардар.