Моќни мисли од силните жени

Во денешно време на шовинизам и изместени вредности, многу е тешко да се биде силна жена која точно знае што сака и која не се плаши да им се спротистави на оние нешта кои ги смета за нереални во денешно време. Во секој од нас се крие сила која едноставно понекогаш ја пронаоѓаме со тоа што сме охрабрени од друга личност.

Ова се неколку моќни мисли од силните жени.

Не дозволувајте несовршеностите на вашето тело да ве спречат од тоа што сакате да го постигнете.

Се надевам дека секоја жена кога ќе се погледне во огледало, може да си каже „убава сум“. Кога ќе го направите тоа, разбирате дека имате моќ. Повеќе моќ од било кога.

Биди своја хероина. Биди свој рол модел. Запамети, дека жените околу тебе се оние на кои им треба поддршка и помош. Ти можеш да ги смениш нивните животи.

Самодовербата не доаѓа преку ноќ. Тоа не  е нешто со што се будиме и со што се чувствуваме подобро за себеси. Самодовербата е процес. Тоа е нешто кое го разбираме кога минуваме низ нешто поинакво и кога сфаќаме дека сме навистина силни.

Уживај во моментот, бидејќи сите нешта минуваат навистина брзо.

Мораш да се фокусираш да почувствуваш среќа. Треба да донесеш одлуки за твојот живот и кариера кои ќе те направат среќна.

Пред да кажеш некому дека го сакаш, треба прво да си го признаеш тоа самата на себеси.

Никогаш не се плаши да го побараш тоа што ти е потребно.

Ако мислиш дека ќе се чувствуваш мизерно во одредена средина, не го прифаќај тоа. Бегај, бегај што подалеку.

Побарај го тоа што го сакаш, бидејќи барањето не значи дека ќе го добиеш тоа што го посакаш, но небарањето е сигурен начин за да не добиеш ништо.