Моќни лекции од најголемото истражување за среќата: Односите со другите луѓе се најважни за добро здравје и среќа

Дали некогаш сте посакале да се вратите назад во својот живот за да ги смените своите одлуки, мислејќи дека така ќе успеете да го подобрите својот живот?

Едно истражување кое е спроведувано цели 78 години и во кое се вклучени околу 724 мажи и жени покажува кои се важните фактори можат да нè направат среќни во животот. Заклучокот од ова истражување е дека добрите односи со другите луѓе имаат моќ да нè направат поздрави и посреќни, а осаменоста може да нè убие.

Среќното детство има одличен долгорочен ефект на нашата среќа.

Топлите односи со родителите и нашите блиски се одличен предвидувач на нашата среќа во иднина. Тие имаат моќ да траат со години, а тоа и да ни дадат самодоверба, сигурност и успех во животот. Според ова истражување, помал е ризикот од депресија доколку одржуваме добри односи со нашите родители, браќа и сестри во текот на животот.

Учењето како да се носиме со стресот се исплати во животот

Сите имаме свој начин на справување со нервозата и стресот, но зачудувачки е бројот на луѓе кои не се ни свесни дека се под стрес и кои не прават ништо посебно за да го намалат тоа. Истражувачите утврдиле дека луѓето кои се справуваат со стресот преку начини кои имаат бенефит за нивното здравје ги прави да се посреќни, но и подружељубиви и подобри за соработка.

Времето поминато со другите луѓе ни помага да ги надминеме неуспесите во животот

Не зборуваме само за порази и неуспеси, туку и загуба, смрт и лоши моменти. За сите нас е важно да изградиме круг на блиски луѓе кои се нашата поддршка во тешките моменти и кои ни помагаат да се справиме со нив.