Моќни цитати на Руми - Што ни носи во животот отров, завист и омраза?

За тоа што е отров, завист и омраза во животот - персискиот филозоф, поет, теолог, правник и суфиски мистик од 13 век, Руми со 5 цитати кои се исклучително важни за цел живот!

Џелаледин Руми, еден од најголемите мистични поети на исламот, ни ги пренесува неговте скапоцени пораки и цитати кои говорат за животот, за љубовта и за среќата, а во секој од нив можете да пронајдете дел од себе. Постои една приказна за неколкуте најважни цитати на Руми кои следат како одговор на петте прашања кои му ги поставиле учениците:

Што е отров?

„Отров е сѐ што ги надминува вашите потреби. Отров може да биде моќта, богатството, желбата за его, алчноста, мрзеливоста, љубовта, амбицијата, омразата или што било друго.

Што е страв? 

„Аверзија кон неизвесноста. Ако ја прифатиме оваа неизвесност, таа ќе стане авантура.“

Што е завист?

„Одбивање на доброто во другите. Ако ја прифатиме оваа добрина, таа ќе стане инспирација.“

Што е бес?

„Неприфаќање на работите кои се надвор од нашата контрола. Ако ги прифатиме, тоа ќе стане кроткост.“

Што е омраза?

„Одбивање на луѓето какви што се. Ако ги прифатиме луѓето без никакви услови, омразата ќе се претвори во љубов.“