Моќна приказна за орлите која ќе ни помогне да се справиме со сите животни проблеми

Орлите живеат 70 години, но кога ќе наполнат 40 години мораат да донесат тешка одлука. 

Ноктите им стануваат долги и флексибилни така што не можат да го задржат пленот со кој се хранат. Клунот, издолжен и шилест станува закривен и веќе не им користи многу. Крилата  стануваат тешки и стари, а летањето им е многу тешко тогаш.

Орлите тогаш имаат 2 можности: да се откажат и да умрат или да поминат низ тешкиот процес на обновата, кој се состои од лет кон гнездото во планините близу до ѕидините каде се сигурни. 

Орлите тогаш почнуваат да удираат во ѕидот со огромна сила додека не успеат да го одвојат. Потоа почнува процесот на раст на нов клун, со чија помош ќе се одвојат од своите стари канџи. Како што растат новите канџи, така се кине и истрошеното перје. Така, после сите долги и болни месеци, успеваат да го слават своето повторно раѓање и да го слават животот и во следните 30 години.

Во нашиот живот, милион пат ќе мораме да поминеме низ ваквиот процес. Би морале да ги напуштиме обичаите, традицијата и сеќавањата, чија тежина нè спречува да одиме напред. Само ослободени од минатото можеме да тргнеме напред кон иднината и да се преродиме. 

Таквото обновување подразбира средување на менталното здравје, отфрлање на сеќавањата или болните искуства, пуштајќи го искуството да нè научи. За да поставиме ред, да се обновиме себеси и да полетаме повторно, мораме да се познаваме себеси, да знаеме кои сме, кој е нашиот потенцијал и каде сакаме да одиме.

Да ја следиме оваа приказна. Со главата горе, секогаш напред.