Моќна порака и знаковен јазик: Српската претставничка на Евровизија „трендинг“ во цел регион

Ана, која по професија е архитект, но е и пејачка и настапува под името Констракта, за само два дена успеа да стане „трендинг“ и во Србија и во Македонија, во цел регион, како и кај другите земји учеснички на Евровизија во Торино. 

Конкуренцијата беше силна, бидејќи имаше навистина екстравагантни настапи, за кои беше очигледно дека е потрошено многу време и пари. Но, победи пејачка која ги миеше рацете во леѓен на сцената, која зборува за косата на Меган Маркл, за здравјето и за здравиот дух... Потезите со рацете, всушност се знакот за аплауз на знаковниот јазик.

Очекувано за сите, но не и за противкандидатките Сара Јо и Зорја, Констракта оди во Торино, со песната In Corpore Sano.

-За здравјето се зборува како нешто што е целосно во наша контрола, само ако го правиме ова, го купуваме она, го следиме најновиот тренд, го слушаме тоа… Човек мора да биде здрав. Тоа е притисокот што нѐ остава во страв. Од друга страна, можно е да се постигне здрав разумски однос во кој здравјето е донекаде во наши раце, во кое болеста и смртта се прифаќаат со помал страв. А системската поддршка е тенка, за жал како во здравството, така и во едуцирањето на таа тема. Здравството е сè понедостапно и поскапо… - вели Констракта за стиховите на песната.

Taa на Инстаграм сподели дека на YouTube песната е вистински хит, прашуваќи (реторички) дали некој друг претставник успеал да постигне таква виралност досега.