Моќна маска за освежување и затегнување на лицето

Маските за лице се едно од најдобрите средства за задржување на свежината на лицето и подобрување на кожата. 

Често, состојките кои ни се потребни ги имаме во својот дом, важно е само да знаеме што ни е потребно. 

Ова е маска која се подготвува лесно и брзо, а краставицата и куркумата се едни од најблаготворните ефекти за кожата. Од оваа комбинација кожата станува влажна, блескава и еластична.

Начин на подготовка:

Измешајте 1 лажица куркума со ½ краставица со средна големина. Изрендајте ја краставицата или ставете ја во блендер, а потоа додадете ја и куркумата. Нанесете ја на лицето, оставете да отстои околу 15 минути, а потоа измијте со студена вода. 

Имајте на ум дека куркумата ја бои кожата, така што бидете внимателни убаво да го измиете лицето, но и да не се извалкате. 

Користете ја оваа маска еднаш неделно.