Моќен утрински коктел за детоксикација

Ова е еден од оние коктели кои можете да ги испиете наутро, а кои поради својот состав воопшто немаат лош вкус. Бенефитите од неговото редовно конзумирање се многубројни.

Потребни состојки:

1 лажица органски јаболков оцет

1 лажица лимонов сок

1 лажица мед

1 лажица рендан ѓумбир, или во прав

1 шолја филтрирана вода

Измешајте ги сите состојки внимателно и пијте го овој коктел, топол или студен.

Зошто е добро да се конзумира?

 - јаболковиот оцет придонесува за балансирање на Пх нивоата, го чисти системот на варење, ја намалува подуеноста, ја балансира глукозата и нивоата на инсулин. Тоа придонесува за намалување на ризикот од инфекции, зголемување на енергијата и го запира растот на канцерогените клетки во телото.

- медот го балансира вкусот и додава ензими и витамини. Тој делува и антивоспалително и е природен извор на енергија.

 - лимонот е богат со витамин Ц, и го подобрува варењето, а придонесува и за намалувањето на задржувањето на течностите.

 - ѓумбирот е одличен за варење и подобрување на имунитетот.

Овој коктел ќе ви помогне веднаш да се чувствува подобро и посвежо и ќе  ви овозможи протеини, добра бактерија и природни состојки кои ќе го сочуваат вашето здравје.