Овој лек има силни противвоспалително, но и антиканцерогено дејство.
Станува збор за мешавина од куркума и мед, позната како златна мешавина. Се нарекува златна поради многуте бенефити кои ги носи за нашето здравје,но нејзината боја исто така потсетува на златото.
Куркумата и медот помагаат во уништувањето на многу видови бактерии, кои се причина за различни заболувања. Истовремено, ја зголемуваат отпорноста на организмот.
Потребни состојки:
1 мала лажица куркума
1 мала лажица изрендана лимонова кора
100 гр. мед
2 мали лажици јаболков оцет
Малку бибер
Начин на подготовка:
Во еден сад измешајте ги куркумата, јаболковиот оцет и црниот бибер. Додајте ја лимоновата кора и медот. Добро измешајте ги овие состојки додека не добиете хомогена смеса. Таквата смеса ставете ја во стаклена тегла која ќе ја чувате во фрижидер.
Земајте секој ден по 1 супена лажица од златниот лек. За најдобри резултати, смесата конзумирајте ја наутро. Ставете ја во уста, а потоа голтнете ја кога ќе се стопи.
Се препорачува и за оние кои имаат хемофилија и хипертензија.