Моќен камен и лековит бунар - ова место е во непосредна близина на скопската рафинерија

Ова место во Скопје се наоѓа во Општина Илинден, сместено е во непосредна близина на рафинеријата ОКТА.

Се палат свеќи, па потоа мажот и жената заедно го обиколуваат каменот трипати, се крстат и се поклонуваат. Го прегрнуваат каменот и го бакнуваат. Потоа јас земам малку земја од секоја страна на каменот и и ја давам на жената што треба да ја носи една година околу половината. По ова, заминуваат доаѓаа по една година, многу од жените останале бремени и добиле деца..многу луѓе доаѓаат во Текија, додека го изведува адетот по кој селото е познато, во непосредна близина на скопската рафинерија, веќе се векови е познато и во пошироката околија.

Но, магијата на каменот не е единствената причина поради која стотици луѓе доаѓаат во ова село кое е во подножјето на рафинеријата. Многумина што бараат помош за други проблеми што ги имаат се упатуваат кон една од куќите во блиското соседство на каменот. Таму е домот на Ратка и Иван Арсов, во чија непосредна близина е веќе чуениот во овој крај лековит бунар на света Петка.

-Една ноќ, беше тоа во 2007 година, на сон ми се појави света Петка и ми рече да тргнам по неа. Ме донесе десетина метри од куќата на земјата која е заедничка за целото село. Во земјата стави четири бели дрвени стапчиња и ми рече: Додека тука не ископаш вода, ќе бидеш болен“. А јас цело време бев болен од разни болести. Си одев по болници. Решил да ја послуша света Петка и почнал да копа. Набрзо се појавила вода, голем извор околу кој поставил бетонски обрачи и направил бунар. Подигнал и куќичка, со која го оградил бунарот, а внатре внел и икони, крст и други христијански обележја. Сето изгледа како помал параклис посветен на светителката, која самата си покажала каде треба да се отвори нејзиниот извор со водата. Бунарот бил и осветен од свештеникот на кумановската епархија истата година.Света Петка уште еднаш ми се јави во сон кога ми рече влезната врата да биде поставена во правецот исток-запад а не југ-запад како што беше првично поставена. Ми поминаа тогашните болести и се чувствувам здраво. А кога во селото и во околината се расчу за тоа дека ова е водата на света Петка, луѓето сами почнаа да доаѓаат да земаат од водата, да се замиваат, со желба таа и светителката да им помогнат за да ги решат проблемите што ги имаат – раскажува  Иван Арсов.