Мојсовски: Струшка глава не „пука“ лесно (фото)

Македонскиот репрезентативец Наумче Мојсовски и ЧСМ Букурешт од клупата предводен од Звонко Шундовски запишаа вредна и убедлива победа на дербито во Романија против градскиот ривал и лидер на табелата  Динамо (33:25)  и најавија дека и годинава ќе бидат во најтесен круг на кандидати за шампионскиот пехар, пишува Македонски спорт.

 

Наумче Мојсоски, сепак, нема по добро да го памети овој натпревар. По десетина минути игра, Мојсоски заработи силен удар во главата, поточно во челото по што мораше раскрвавен да го напушти теренот. За среќа без последици.

- Струшка глава не пука лесно - изјави Мојсоски и ги отстрани сите дилеми околу сериозноста на повредата. - Нема никакви последици, планирам в недела да се вратам на терен на натпреварот со Одорхеи - вели Мојсоски.