Кога бев малечка, не постоеше маж кој повеќе го сакав и на кој повеќе му се восхитував од мојот татко.
Тој ме поддржуваше во се што правев и ме туркаше да бидам најдобра во работите кои ги сакав.
Тој ми помогна да си ги пронајдам моите страсти и да уживам во секоја секунда во животот, затоа што никогаш не знаеш кога се ќе запре.
Мојот татко е мојот суперхерој и никој нема да може да му ја одземе таа улога без оглед на тоа колку сум порасната.
Тој ми помогна да научам да се смеам и ми помогнам да станам силната, паметна и независна млада жена која сум денес.
Тој ме спаси од многу лоши работи и ми помогна да постигнам многу големи работи.
Тој ме сакаше и покрај болката која му ја предизвикував и никогаш не се откажа од мене.
Тој ми покажа како изгледа вистински суперхерој и дека суперхероите не носат секогаш наметки.
Мојот татко ме научи што е љубов и што заслужувам во животот.
Јас секогаш му се доверував кога мислев дека немам никој.
Тој безусловно ме сакаше во секој дел од мојот живот.
И една од најтешките работи кои морам да ги направам е да се збогувам од него затоа што никогаш не сакам да се разделиме.
Мојот татко е моето сѐ и тој ме научи сѐ што треба да знам за животот.
Навистина ми е тешко што не можам да го гледам секој ден и понекогаш се нервирам затоа што никогаш навистина не го ценев времето кое го поминував со него кога живеев дома, но сега ја ценам секоја секунда.
Го обожавам мојот татко и навистина не постои маж кој подобро би ме воспитал од него.
Толку сум горда што сум негова ќерка затоа што не можев да посакам подобар татко и подобар суперхерој од него.