Мојот град е населба Пролече, коцката на Рекорд...Дани Димитровска со нов сингл и спот за Скопје (видео)

За новото видео на поп-рок пејачката Дани Димтровска, во кое е раскажана приказната за Скопје во 1962 година, се искористени кадрите од документарецот на Бранко Гапо, „Градот покрај Вардар“.

Дани во интервјуто за Репортер вели дека иако тоа не е она Скопје кое таа го знае, сепак, кадрите од спотот идеално се вклопиле во скопската приказна.

На прашањето кое е нејзиното Скопје, таа објаснува: „Ова Скопје во кое сега живеам, урбано и малку валкано,тука е мојата населба Пролече, но моето Скопје е и коцката на Рекорд, која веќе ја нема, бурекчијата во Центрот каде топка сладолед беше 5 денари, Универзална сала и да не набројувам уште“.

Дека не ги крие емоциите кон својот град говори и нејзиниот најнов албум, „Град за љубов“, кој треба да излезе на есен. Снимени се 8 песни, чиј автор е Весна Малинова, со која Дани соработува 18 години.