„Мојата порта“ – краток филм на деца од основните училишта во Општина Центар

Во Кинотека на Македонија синоќасе одржа премиерата на кусиот аматерски филм „Мојата порта“, производ од неколку месечни интерактивни работилници за изработка на филм, на кои учествуваа ученици од сите основни училишта во Општина Центар, соопштија од општината.

Тема на филмот е дијалогот како моќна алатка на родителите, општеството и децата во надминување на насилно однесување, а по проекцијата на „Мојата порта“, беше одржана и трибина на истата тема, со цел пронаоѓање на можности и начини за општествено канализирање и разумно надминување на семејни, социјални и општествени конфликти кои доведуваат до насилно однесување, соопштија од општина Центар.